| четврток, 6 декември 2018 |

Македонскиот полициски синдикат ги осуди вчерашните случувања пред Владата

полиција3

Македонскиот полициски синдикат при Сојузот на синдикати на Македонија денеска ги осуди вчерашните случувања пред Владата на Република Македонија.

Претседателот на синдикатот Тихомир Климовски на прес-конференција рече дека самиот факт што се повредени над 30 полициски службеници покажува дека полицијата професионално си ја вршела работата.

– Овие луѓе се нечии родители, браќа и сестри кои сега се во длабока траума и тага и со ништо не придонесоа така брутално да бидат нападнати. За тоа говори и фактот што при вчерашните немири не е повреден ниту еден од демонстрантите. Прагот на толеранција кој постои при секое професионално полициско постапување при вакви настани одамна е пречекорен- рече Климовски.

Синдикатот апелира до организаторите сериозно да размислат при организирањето на вакви настани.

Коментирајќи ја постапката на полицаецот кој вчера ја отвори заштитната ограда пред демонстрантите, Климовски рече дека тој постапил по наредба на своите претпоставени.

– Нема основа за суспендирање. Колегата, како што самиот објасни, постапувал по наредба на своите претпоставени, односно се пристапувало кон давање одреден писмен поднесок до Владата. На колегата му било наредено да го отвори делот на заштитната ограда за да може лицето слободно да пристапи кон Владата – појасни Климовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top