На ден 05.05.2015 година во 22:55 часот на Вашиот веб сајт „ Република “ објавена е статија со наслов “Подготвено сценарио за судир со полицијата за насилно рушење на власта“.
Во статијата се наведува дека имало „приклучување на навивачките групи на работнички водени од директорот на Паркинзи центар, Саша Богдановиќ, за чие што дивеење и тој беше приведен неодамна.“
Прво, сакам да ја демантирам изјавата дека сум бил приведен за „дивеење“ – ниту јас, ниту полицијата не знаеше да ми објасни зошто бев приведен. За тоа што се случи на натпреварот е доставена „Претставка за примена на полициски овластувања“ до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за Внатрешни Работи.
Второ, сопствените именки, како што се имињата на институции, организации, клубови и слично, се пишуваат со голема буква. Истото важи и за КК Работнички.
Јас сум и ќе бидам навивач на КК Работнички. Навивачката група на КК Работнички не е фирма со која може да се управува и води и во никој случај не сум принудувал луѓе да присуствуваат на протести и демонстрации.
Барам овој Демант веднаш да биде интегрално објавен на Вашиот веб сајт, онака како што е направено со клеветничкиот текст, во согланост со законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда и јавно извинување објавено на вашиот портал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст