| четврток, 6 декември 2018 |

ИД тврди дека има 71 борец во САД

ид

Исламска држава објави дека на територијата на САД има 71 припадник кои се подготвени за борба.

Паравоената исламистичка формација истакнува дека свои припадници има во Вирџинија, во Мериленд, во Илиноис, во Калифорнија и во Мичиген.

– Имаме 71 обучени борци во 15 различни држави во САД. Тие се подготвени на наш збор да ја нападнат секоја цел која ќе ја одбереме – се наведува во соопштението на ИД.

Џихадистичката група тврди дека 23 борци се обучени да извршат напади слични како нападот во Тексас, на изложбата на карикатури на пророкот Мухамед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top