
Во вчерашните насилни протести на најбрутален начин беше нападната полицијата, а граѓаните беа сведоци и на најсрамниот чин на симнување и кинење на државното знаме на Република Македонија – истакна денеска Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Во насилните протести повредни се 38 униформирани полициски службеници од кои 6 со сериозни повреди се хоспитализирани.
-Од протестантите 30 лица биле приведени, од кои двајца биле малолетни и по распитот биле пуштени. Дванаесет други лица кои учествувале во протестите се идентификувани и се трага по нив, истакна Јанкулоска.
Министерката апелираше до медиумите кои поседуваат снимки од вчерашните протести да ги предадат во МВР со цел полесно идентификување на насилниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


