| четврток, 6 декември 2018 |

Абидал: Во најтешките мигови Дани Алвеш ми го понуди црниот дроб

Поранешниот француски репрезентативец и член на Барселона Ерик Абидал успешно се излекува од ракот на црниот дроб, со пресадување од негов близок роднина.
Тој за првпат проговори за неговите тешки моменти од животот и откри неверојатни детали за неговиот соиграч и близок пријател Дани Алвеш.

– Мојот соиграч од Барсеолна и одличен пријател Дани Алвеш ми го понуди негвоиот црн дроб за да го спаси мојот живот. Беше сериозен, но беше премногу за да го прифатам тоа. Дани истотака има семејство и кариера. Тоа е многу тешка операција и сепак беше премногу. Му благодарам за се. Мојот роднина Жерар беше донатор, а тоа и за него беше огромен ризик. Тој практично ми го спаси животот – изјави Абидал.

Тешките моменти по операцијата и огромната желбата за живот ги вратиле надежите на Французинот.

– По извршената операција најголемата борба беше мојот организам да го прифати новиот орган. Цели 42 дена бев во болница. Имав ужасни болки. Откако заздравев, седум месеци не правев ништо. Немаше веќе тренинзи. Немав сили да се придвижам. Во тие тешки моменти не сакав никој од Барселона да ми доаѓа на посети. Не сакав да ме гледаат таков. Ракот ми го промени животот. Повеќе се дружам со пријателите повеќе се грижам за семејството и повеќе внимание посветувам на сопругата и на трите деца – заврши АБидал

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top