Американскиот режисер, актер, сценарист и продуцент, еден од најголемите филмски автори на сите времиња Орсон Велс е роден на денешен ден, 6 мај пред 100 години во градот Кеноши во САД.
Неговиот татко Ричард бил познат по тоа што патентирал светла за велосипед, а мајка му Бетарис била концертна пијанистка која му ја пренела љубовта кон уметноста.
Младиот Велс на 16 години отишол во Ирска и почнал да глуми во театар во Даблин. По враќањето во Америка, три години подоцна, работел како продуцент, а со 22 години веќе бил познат во театарските кругови по смелите и политички ангажирани претстави кои почнал да ги режира.
Во 1938 година со радио-драмата „Војна на ѕвездите“ каде што се говори за инвазијата на Марсовците на Земјата предизвикал општа паника во АМерика, а драмата и денес се смета за најуспешна медиумска манипулација.
Неговиот филмски првенец „Граѓанинот Кејн“ од 1941 година спаѓа во ремек-делата на светскиот филм. Доби „Оскар“ за најдобро сценарио, а беше номиниран во девет категории меѓу кои и онаа за главна машка улога која ја одигра токму Велс.
Во 1999 година „Граѓанинот Кејн“ беше прогласен за најдобар филм на 20 век.
Уште додека беше жив, Велс стана митска личност на американскиот филм, но и на светската култура. Тој како филмски режисер никогаш не постигнал комерцијален успех, но затоа голема популарност стекна како филмски актер.
Тој е режисер на околу 40 филма меѓу кои и „Магбет“, „Отело“, „Полноќни камбани“, „Вистини и лаги“ и многу други. Во многу од филмовите кои тој ги режираше, Велс и настапување, а за да може да ги финансира, прифаќал улоги кај други режисери.
Статусот на филмска ѕвезда му го обезбеди филмот „Трет човек“, снимен во 1949 година, во кој тој толкуваше лик на супериорен криминалец.
Почина на 10 октомври 1985 година во Лос Анџелес, од срцев удар.
Во 1975 година доби „Оскар“ за животно дело, а добитник е и на најголемите награди на најпреситжните фестивали.
Многу предмети кои му припаѓале на Велс и денес се многу барани и достигнуваат високи цени на аукциите кои се одржуваат ширум светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



