| четврток, 6 декември 2018 |

38 полицајци побарале лекарска помош по синоќешните насилни протести

Protesti bomba martin (1) (Custom)38 полицајци побарале лекарска помош по синоќешните насилни протести поттикнати и организирани од СДСМ. Демолирани се и полициски автомобили. Дел од оние кои излегоа на протести предзвикаа неред на скопските улици. Запалени се контејнери, демолиран е медиум.

– Полицијата вечерва беше предмет на досега невиден брутален напад. Полицаецот со посериозни повреди бил нападнат со шипки и бекатон плочки. Демолирани се неколку полициски автомобили, како и државен имот кај Владата, изјави синоќа Иво Котевски.

Организираниот протест уследи по прес-конференцијата на опозицискиот лидер Зоран Заев на кој тој објави разговори за смртта на Мартин Нешковски во 2011 година. Сторителот е осуден на 14 години затвор, но СДСМ се обиде да создаде слика дека е прикриено убиството на Мартин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top