| четврток, 6 декември 2018 |

САД: ИД ќе биде поразена во Сирија кога Асад ќе замине од власт

Проблемот со екстремистите од Исламска држава во Сирија и во другите земји на Блискиот Исток не може да биде решен се додека сирискиот претседател Башар ал Асад е на власт, изјави американската амбасадорка во Обединети нации Саманта Пауер.

Таа посочи дека претседателот Барак Обама оценува дека не е можно трајно решение на проблемот со ИД се додека не биде решен проблемот со Асад. ­

– Една од причините за присуството на странски џихадисти во Сирија е соборувањето на Асад од власт бидејќи го користи хлорот како оружје, наведе Пауер. Русија оцени дека не постојат цврсти докази за одговорноста на властите во Дамаск за употребата на хлорот како оружје.

Пауер потенцира дека од клчучно значење е Русија и Иран повеќе да не го поддржуваат Асад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top