| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е еден од потоплите забележани мајски денови

soncevo

Оваа среда ќе биде еден од „пожешките“ забележани мајски денови низ годините наназад. Иако нема изгледи да бидат „бутнати“ мајските рекорди на апсолутна максимална температура на воздухот, сепак оваа среда ќе се вброи меѓу појтоплите мајски денови во последниве петнаесетина години. Според Метеопро максималната температура во поголем дел од земјава ќе има вредност околу 30°С, а долж повардарие таа ќе биде во дијапазонот од 33°С до 35°С. На повисоките места ќе биде малку посвежо, но и таму максималната температура ќе има вредности близу 30°С. Во однос на времето, се очекува тивок и сончев ден.

Вредноста на УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје се очекува претежно сончево време. Минималната ќе се спушти до 14°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне до 33°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top