| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Чабуковска: Полицајците имаат повреди од удар со бекатонски плочки

Protesti bomba martin (4) (Custom)
Директорката на клиниката за хируршки болести Св.Наум Охридски д-р Јасмина Чабуковска, вечерва изјави дека повредените полицајци примени на Клиниката имаат симптоматологија која дополнително може да ја отежне клиничката сосотојба на пациентите од тие причини што е удар во глава со бекатонски плочи, истите ќе останат во болницата на понатамошно следење на состојбата.
Protesti bomba martin (6) (Custom)
-Пред 23 часот на Универзитетската клиника Свети Наум Охридски се примени вкупно осум пациенти на преглед. По направените клинички и лабараториски испитувања четворица пациенти се веќе хоспитализирани, еден на одделот на неурохирургија, другите се на одделот за интензивно лекување. Тројца се со повреди на главата, контузии, кои што се на опсервација, едниот пациент е со контузија на стомакот, на абдоменот, други двајца пациенти исто така имаат контузии на абдоменот, еден е со повреда на десното стапало и еден е со повреда на десната подлактица, рече Чабуковска во вестите на Сител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top