| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ и СОРОС присутни и на денешниот протест (ФОТО)

image-277fd77695d198078f203ace4bf748814df03edb15d790908ff55457fe0dd351-V
Редовните учесници на секој протест и денеска се во првите редови. Голем број актуелни и поранешни функционери на СДСМ се на протестите кои излегуваат од контрола. Првично братот на убиениот Мартин Нешковски се обиде да влезе во Влада, по што беше спречен од полицијата. На реакцијата на полицијата се спротиставија дeл од насобраните кои ја турнаа оградата и влегоа во дворот на владината зграда. Потоа започнаа и со каменување на зградата на македонската влада.

protesti 1

Дел од луѓето мирно сакаат да го искажат својот револт од разговоите кои денеска ги слушнале на прес-конференцијата на СДСМ. Но дел тука се со поинаква намера да предизвикаат немири. Едни од предводниците на протестот се соработниците на лиерот на СДСМ Зоран Заев и неговата заменичка Радмила Шекеринска, но секако, придружувани од пропагандната машинерија на СОРОС.

protesti 2

Ана Павлова Даневска, Софија Куновска, Ѓунер Исмаил се само дел од оние кои протестираат. Меѓу нив се голем број на луѓе кои се присутни на сите протести во државата. Протестите, коментираат многумина, се финансирани од СОРОС, а поттикнати од СДСМ.

protesti 3

И новинарите Бранко Тричковски и Борјан Јовановски протестираат со толпата.

Заев попладнево на прес-конференција објави разговори кои се водени еден ден по убиството на Мартин Нешковски. Убицот на Мартин е на издржување на затворската казна за делото кое го сторил. Но и покрај тоа, Заев на денешната прес-конференција, се обиде да претстави слика дека правдата не е задоволена. Сериозните сомнежи дека манипулацијата со убиството на Нешковски е однапред договорена стратегија на СДСМ дополнително го подгрева фактот што на порталите на СОРОС како Плусинфо веднаш по пресот на Заев се појави банер со најава за протестот пред влада, за чија изработка претходно се потребни повеќе часа.

Во однапред договорената стратегија очигледно влегува и интервјуто на братот на Мартин Нешковски за порталот Нова ТВ со Борјан Јовановски, кое беше веднаш објавено по завршувањето на прес-конференцијата на Заев, а за кое не се исклучува можноста таквото интервју однапред да е снимано и однапред планирано. Дополнително, бомбата на Заев новинарите на СОРОС ја најавуваа уште од претходниот ден.

protesti 4 protesti 5 protesti 6 protesti 7 protesti 8

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top