Дел од граѓаните кои што протестираат пред Владата за случајот Мартин Нешковски ја турнале оградата и успеале да влезат во дворот на владината зграда во Скопје. Стотина луѓе, главно млади, стојат пред полицијата, обидувајќи да направат немири. Тие фрлаат со камења, шишиња и јајца по владината зграда. Непотребно се обидуваат протестот да премине во насилство.
Останатите присутни на протестот стојат настрана, изразувајќи го мирно револтот поради разговори кои СДСМ денеска ги објави, во врска со смртта на Мартин Нешковски. Лидерот Зоран Заев рече дека убиецот на Мартин Нешковски за време на прославата на победата на ВМРО – ДПМНЕ бил на службена должност, наспроти тврдењата на власта дека приватно бил на местото. Во разговорите се слуша дека никој не дал писмена наредба за Игор Спасов да обезбедува во Скопје.
По пресот на Заев, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, излезе на прес-конференција на која појасни дека министерството по добивањето на информациите постапило согласно законот.
-Прво, не можевме да делуваме бидејќи немавме пријава. Второ, веднаш кога ја добивме пријавата започнавме со проверка на случајот. Трето кога ја добивме информацијата ги употребивме сите расположливи капацитети за да го пронајдеме убиецот и четврто, беше откриен сторителот и беа собрани докази, а против лицето беше процесуирана кривична пријава, а подоцна беше и осуден за делото кое го сторил-рече министерката Јанкулоска.
Убиецот на Нешковски е во затвор, осуден за делото кое го направил. Но, и покрај тоа, лидерот на СДСМ денеска направи обид да предизвика гнев кај луѓето за случај за кој сорителот е изнесен пред лицето на правдата и осуден за делото. Дали е ова дел од сценариото кое го подготвува лидерот на СДСМ?!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст