Наместо на 17 мај, како што беше најавено, кампањата „Напред розово 2015″ ќе се одржи еден ден порано, на 16 мај, објавија од Здружението за борба против рак на дојка „Борка“.
Кампањата „Напред розово 2015 – чекори против ракот на дојка“ е единствена од ваков вид во нашата држава и ќе се организира од страна на Здружението „Борка“ – За секој нов ден, по седми пат.
Настанот ќе биде организиран во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија. Како поддржувачи се појавуваат голем број компании и медиуми кои го знаат значењето од организирање вакви настани, важни за сите граѓани во нашата држава.
Централниот настан ќе се одвива на Плоштадот „Филип Втори“ (Карпошово востание) со почеток во 11 часот и ќе вклучи заедничка розова прошетка на повеќе од 1.500 учесници кои пешачејќи три километри ќе испратат порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка.
Во прошетката ќе учествуваат сите граѓани на Македонија, вклучувајќи и организирано учество на поддржувачи на Борка од 10 града: Струмица, Куманово, Свети Николе, Штип, Велес, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Битола и Тетово.
По прошетката ќе следува музички хепенинг.Оваа година настанот повторно ќе биде поддржан и од групата велосипедисти „На Точак“ кои ќе извозат рута во должина од 5 км низ центарот на градот како допонителна поддршка на целокупната кампања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.