Најмалку дваесет лица се удавија во водите на Медитеранот кога брод со емигранти потона јужно од италијанскиот остров Сицилија.
Во соопштението на хуманитарната организација „Спасете ги децата“ нема објаснување за причините за уште една поморска катастрофа оваа година, освен дека дел од преживеаните скокале во морската вода кога забележиле дека се приближува брод за спасување.
Овој брод подоцна ги префрлил преживеаните до сицилијанскиот град Катанија.Во оваа прва информација од хуманитарната организација нема сознанија за тоа колкумина биле спасени.
Најмалку 1.750 лица се удавија во водите на Медитернот во првите четири месеци оваа година, при обидот на емигрантите од Африка и земјите од Блискиот Исток да се префрлат од Либија до италијанскиот брег и до Европа, во најчесто претоварени и неприспособени бродови и поголеми чамци.
Бројот на удавените емигранти годинава е 20 пати поголем во споредба со првите четири месеци во 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти