| четврток, 6 декември 2018 |

ЕК ја зголеми прогнозата за економски растеж на Хрватска

раст

Европската комисија денеска ја зголеми процената за економски растеж за оваа година во Хрватска, во однос на претходните прогнози од 0,2 на 0,3 отсто, а за следната година од еден на 1,2 отсто.

– Се очекува хрватската економија во 2015 година да има пораст по скромна стапка од 0,3 отсто. Тоа може да биде заради подобрување на изгледите за раст кај трговските партнери на Хрватска – наведува Комисијата во своите прогнози.

Комисијата наведува дека сите држави членки оваа година ќе имаат раст освен Кипар за кого очекуваат пад од 0,5 отсто.

Најмала стапка на пораст ќе имаат Хрватска и Финска – двете држави по 0,3 отсто. Најголем пораст ЕК очекува во Ирска и од Малта по стапка од 3,6 отсто.

Комисијата нагласува дека пречка за поголем раст во Хрватска е понатаму е слабата домашна побарувачка, чиј пад постепено се намалува. Инвестициите оваа година ќе се намалат за 1,8 отсто, наведува Комисијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top