| четврток, 6 декември 2018 |

Најголемата модна мака на Тијана

90383_36_630x0

Триесет и деветгодишната македонска пејачка Тијана Дапчевиќ со години негува свој стил и не им подлегнува на секојдневните трендови.

Во изјава за српски „Блиц“ вели дека никогаш не им робува на трендовите и дека се облекува така како што се чувствува.

Ова што го гледате на мене е дело на моите раце, а мојата стилистка Ивана Рабреновиќ се грижи за мојот изглед кога се во прашање јавните настапи  – вели Дапчевиќ.

Со оглед на тоа што Тијана е висока 183 сантиметри, вели дека најважно ѝ е да се чувствува удобно во гардеробата што ја носи.

Јас сум прилично висока, па затоа најважно ми е да се чувствувам удобно во облеката што ја носам. Сакам да носам природни материјали, а фустаните ги одбегнувам. Искрено, најтешко ми е да изберам фармерки бидејќи ги сакам оние модели кои ми ги покриваат бубрезите, да не речам бапски модели – изјавила Тијана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top