Делегација на СДСМ денес цветно ги одбележи настаните кои се случиле на денешен ден. Откако положи цвеќе на гробот на вмровецот Гоце Делчев, а гробот на комунистот Тито сѐ уште е во Белград, вишокот букет кој им останал луѓето од СДСМ го положија пред седиштето на ДУИ.
Венецот со црна трака бил оставен пред дупката од асфалтот која се направила откако во вчерашниот инцидент непознато лице фрлило експлозивна направа пред седиштето на ДУИ и според извештајот на полицијата, не направило материјална штета, освен малата дупка на улицата на која се наоѓаат просториите на ДУИ во Тетово, која е веќе санирана.
Неофицијално во СДСМ на овој потег се одлучиле за да пратат порака дека дупката не е направена од нивна бомба, за ни случајно шефовите на ДУИ да не се посомневаат дека можеби раководството на СДСМ одлучило да ја промени тактиката во презентацијата на бомбите.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст