По одлуката на извршното биро на Националниот фронт (НФ) донесена вчера за суспендирање на членството во партијата на основачот и почесниот претседател на партијата, Жан-Мари ле Пен, неаздоволството на таткото Ле Пен не стивнува.
Во утринското интервју за радиото „Еуроп1“, Жан-Мари ле Пен изјави дека во моментов се спротивставува на победата на својата ќерка Марин ле Пен на претседателските избори во 2017 година.
– Ако такви морални принципи треба да претседаваат со француската држава, тоа ќе биде скандалозно – изјави таткото Ле Пен на сметка на ќерката Ле Пен.
Тој ја оценува својата ќерка како малку полоша од УМП и Социјалистичката партија бидејќи со непријателите борбата е лице в лице, а овде тоа е борба зад грб. Контрозверзниот политичар, кој раководеше со НФ 40 години, од друга страна, се надева на поддршката на својата внука Марион ле Пен, (внука од втората ќерка), која стана најмлада пратеничка во француското Национално собрание и која може да ја истакне кандидатурата за претседателство на НФ.
Во едно друго интервју за радиото РМЦ, Жан-Мари ле Пен не го криеше незадоволствот кон извршното биро на НФ – „собир на стипендирани, куртизани, стрелачки строј, со седум платеници“.
Најавувајќи ги сите правни мерки за да се спростивстави на одлуката на извршното биро на партијата, Жан-Мари ле Пен треба да се соочи и со Генералното собрание на партијата, кое може да одлучи одземање на почесното претседателско место на НФ.
Во излив на незадоволство, тој оцени дека неговата ќерка е недостојна да го носи презимето Ле Пен советувајќи се да се омажи за нејзиниот придружник со што ќе може да го смени. „Ако не со нејзиниот придружник, зошто да не со господинот Филипо (потпретседател на партијата и хомосексуалец)“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



