| четврток, 6 декември 2018 |

Доказите не му одат во прилог на Заев, СДСМ не сака правна разрешница

СДСМ не сака правна разрешница за случајот со прислушувањето. Аналитичарите велат дека се свесни за силата на доказите за незаконското дејствување и за фактот што на неколку пати самиот опозициски лидер Зоран Заев си дава автоголови.

Според истрагата, постојат експлицитни докази кои ја потврдуваат вината и кои говорат за антидржавното сценарио кое е спроведено од самиот Заев. Познавачите на проблематиката велат дека досега има две јасни признанија за целото дело и незаконско дејствување. Тие ја посочуваат комуникацијата меѓу луѓето на Зоран Верушевски кои биле директно инволвирани во обезбедување на креираните материјали. Се посочува и писмена комуникација меѓу Заев и Верушевски од која се гледа соработката меѓу нив двајца.

zaev-vo-univerzalna-4
Заев, според некои информации кои беа објавени, пред обвинителството за луѓе кои го вршеле прислушувањето посочува лица кои се починати или пак од поодамна не работат во Управата. Заев во истрагата како оператори посочил лица кои се починати, одамна заминати во пензија, но и лица кои не работеле на таа проблематика. Повикувајќи се на извори од истрагата, медиумите објавија дека е утврдено дека двајца од посочените оператори кои наводно ги снимале разговорите се починати, едното лице во 2008 година, а второто во 2013 година, но истото уште од 2008 година не работело во Петта управа, туку било прераспоредено во друга организациска единица.

Заев извади во јавност документи со ексел табели за кои посочи дека се евиденции од прислушкувањето водени од државните служби, иако се утврди дека такви ексел табели не се користат најмалку десеттина години, дополнително што адресите на живеење според кои се водат луѓето за кои Заев вели дека се прислушкувани се стари и се од време кога Верушевски и СДСМ управувале со тајните служби.

Според документот на Заев, за кој тој тврди дека е од УБК, Радмила Шеќеринска се води на адреса „Илинденска“ бб, адреса на Владата од времето кога таа беше вицепремиер, фукција која ја извршуваше до 2006-та година. Стари се адресите и на кои се воделе Есад Рахиќ, Никола Поповски односно во нивната графа стои адресата на Собранието на Република Македонија, а истите не се пратеници најмалку 8 години.

Ист е случајот и со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески кој на наведената адреса не живее најмалку 10 години. Доколку МВР го вршело прислушувањето, со наједноставна проверка во системот на полицијата ќе станело јасно дека актуелниот министер за транспорт има нова адреса. Јанакиески само две години живеел на адресата која е наведена, од 2005-та до 2007-ма.

За разлика од СДСМ, премиерот Никола Груевски е убеден во доказите кои постојат и е со цврст став за правна разрешница. Тој од Конгресот во Куманово, каде доби нов мандат да ја води најголемата македонска политичка партија порача дека потребна е независна истрага и дека тие ќе сторат се’ за таа да биде темелна и траснпарентна.

-Правната и политичката разрешница ќе се случи. Нашиот став е да има истрага и за нивните прекршувања на законите, но и за она за што нас не’ обвинуваат. Нам ни е потребана таква независна и траспарентна истрагa и ќе направиме се’ што е во наша моќ за истата да биде биде темелна и транспарентна.Без таква истрага сите ќе останеме осомничени во очите на барем дел од народот. Не, ние сакаме да има истрага. Ако во таа истрага се покаже и докаже дека некој од нас нешто погрешил, нека одговара пред законот и институциите, но ако не погрешил, треба и тоа да се објави, за да се тргнат валканиците кои Заев секојдневно ги фрла врз нас, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top