| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска увезува работници од ЕУ

еу2

Членството на Хрватска во ЕУ почнува да се одразува и врз пазарот на труд, односно додека голем број Хрвати бараат работа во другите земји-членки на Унијата, има сѐ повеќе Европејци што доаѓаат да работат во Хрватска, пишува весникот „Јутарњи лист“.

Тоа посебно се однесува на пограничните подрачја, главно на Вараждинската и Меѓумурската жупанија. Меѓу странците што работат тука има најмногу Унгарци, на кои за работа во Хрватска од 1 јули 2013 година не им е потребна дозвола.

Работодавците изјавиле дека вработиле странци во момент кога во исклучително краток рок преземале нов проект, на кој денес работат речиси илјада работници.

Истовремено, голем број фирми во северниот дел на Хрватска почнуваат да се подготвуваат за вработување на словенечки државјани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top