Разговор без поента, непоставени прашања кои јавноста ги очекуваше, исти тези, исти муабети – тоа е она што вечерва можеше да се види во Топ тема,каде на големо се најавуваше гостувањето на поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски.
Говореше исто како што говореше пред да се повлече од претседателската партиска фотелја. Зборуваше полн со себе, го истакнуваше своето его, ја исполнуваше својата суета. Аналитичарите коментираат дека единствената јасна порака која Црвенковски ја испрати до опозицијата е дека тој е газда во СДСМ и дека таму се чувствува како во сопствена куќа која лично ја градел. Со тоа Црвенковски целосно го заборави партиското членство.
Црвенковски посочи и дека бранковистите се актуелните партиски челници.
-Јас ви тврдам дека ако е критериумот кој од тие луѓе најмногу напредувал во времето кога јас сум бил на чело на СДСМ, дека најголемите бранковисти во СДСМ се Зоран Заев и Радмила Шекеринска. Дека јас тоа што го имам направено и таа поддршка што сум им ја дал и тоа што направиле од СДММ, младината на партијата, до лидерските позиции, никој друг од партијата тоа го нема добиено, рече Црвенковски.
Екс-лидерот на опозицијата во вечерашното интервју говореше за некои минати времиња на СДСМ. Тој се фалеше со своите успеси додека ја предводел партијата, заборавајќи го големиот број на порази кои ги претрпе на избори од народот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст