| четврток, 6 декември 2018 |

Црвенковски: Заев и Шекеринска најмногу напредуваа во СДСМ кога јас бев на чело на партијата

Zaev_Sekerinskaj

Во врска со поделбите во опозициската СДСМ и нарекувањето на одредени луѓе како „бранковисти“, поранешниот прв човек на оваа партија Бранко Црвенковски вечерва во интервју за „Телма“ изјави дека во таа група влегуваат Зоран Заев и Радмила Шекеринска.

– Јас ви тврдам дека ако е критериумот кој од тие луѓе најмногу напредувал во времето кога јас сум бил на чело на СДСМ, дека најголемите „бранковисти“ во СДСМ се Заев и Шекеринска. Дека јас тоа што го имам направено и таа поддршка што сум им ја дал и тоа што направиле од СДММ, младината на партијата, до лидерските позиции, никој друг од партијата тоа го нема добиено – рече Црвенковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top