Поранешната директорка на комјутерскиот гигант „Хјулет-Пакард“, Карли Фиорина денеска официјално ја објави кандидатурата за претседател на САД на изборите во 2016 година.
– Да, ќе се кандидирам за претседател. Мислам дека сум најсоодветниот човек за таа должност бидејќи разбирам како реално функционира економијата. Разбирам и како функционира светот, посочи Фиорина во емисијата „Добро утро Америка“ на телевизијата „Еј-Би-Си“.
Засега Фирина е единствената жена меѓу кандидатите за номинација од Републиканската партија. Таа досега не извршувала никаква јавна функција.
Фиорина е една од највлијателните жени во американските бизнис кругови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.