| четврток, 6 декември 2018 |

„Пролетен вино фест“ во Скопје од 6 до 10 мај

Dzambazov i priatelite08

Од 6 до 10 мај, пред отворениот паркинг простор во состав на „Веро центар” во Скопје, ќе се одржи “Пролетниот вино фестивал”.

Посетителите ќе уживаат во промоција на вина, храна и настап на познати музичари.
Како дел од музичките гости, организаторите ги највуваат „Ласт експедишн”, Игор Џамбазов, црногорскиот поп-пејач Бојан Маровиќ, но „Бета Хаус“,  Миле Кузмановски, Летечки Пекинезери, Нина Јанева.

Последниот ден на фестивалот ќе се заокружи со македонска етно музика со бендот „Калевала“, но и со еден нов проект „Каверленд“, чиј што вокал е победничката на „Макфест“ Александра Јанева, а она што го прави овој бенд поразличен од другите е тоа што музицираат на инструменти кои најчесто се користат во класичната музика.

За дегустација на виното, избрани домашни винарници ќе учествуваат со сортни македонски вина по промотивни цени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top