Министерството за економија денеска преку соопштение изрази жалење за состојбата во која се најдоа македонските туристи кои преку агенцијата „Јупитер“ за време на првомајските празници престојуваа во Турција и најави одземање на лиценцата на агенцијата доколку се утврдат неправилности во работењето.
– Ја информираме јавноста дека уште во утринските часови екипа од Државниот пазарен инспекторат е испратена да изврши контрола на просториите на агенцијата во Скопје и да ја констатира фактичката состојба, но истата беше затворена, а на самиот влез е поставена информација дека агенцијата нема да работи до среда и дека сите граѓани кои патувале на нивна организација во Истанбул ќе бидат обесштетени – се наведува во соопштението.
Министерството ги информира оштетените граѓани дека ќе добијат обесштетување од страна на туристичката агенција, а во случај оваа законска обврска на агенцијата да не биде остварена, тогаш ќе биде покрената соодветна кривична пријава за агенцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.