Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лаен изјави дека формирањето европска армија е долгорочна цел и како пример ја наведе германско холандската воена соработка. Таа даде интервју заедно со холандската колешка Жанин Хенис Пасхерт за Билд ам Зонтаг.
– Европската армија останува долгорочна цел, но остварувањето на тоа, најверојатно, ќе го дочекаат моите деца. Сега се работи на тоа чекор по чекор да се засили европската одбранбена унија. И САД сака Европа да стане силна во НАТО. И за тоа да се постигне, мора одделни нации да излезат со конкретна воена соработка, како што тоа го прават Германците и Холанѓаните – изјави Фон Дер Лаен.
Холандската министерка Хенис Пласхерт предупреди денеска за ризици и за закани што не познаваат граници и дека на НАТО му недостига рамнотежа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


