Германските машиновозачи со барање за подобри услови за работи и повисоки плати стапуваат денеска во 15 часот во еднонеделен штрајк, кој веќе наиде на остри предупредувања од Владата дека може да му нанесе штета на целокупното германско стопанство.
Германскиот министер за правда и вицеканцелар, Зигмар Габриел, денеска предупреди на последиците од штрајкот за германското стопанство и побара разумно однесување.
Габриел за „Билд“ изјави дека овој штрајк тешко ќе ги погоди патниците, но исто така и „Дојче бан“ и целокупното германско стопанство и побара сериозни преговори наместо парализирање на Германија.
Германскиот министер за сообраќај, Александар Добринт, оцени дека штрајкот ја преминал разумната граница.
Германските машиновозачи вработени во државната железница „Дојче бан“ почнуваат штрајк денеска во 15 часот во товарниот сообраќај , а утре во два часот во патничкиот сообраќај, кој ќе трае до десетти мај.
„Дојче бан“, кој вработува околу 300 илјади лица, дневно превезува 5,5 милиони патници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.