| четврток, 6 декември 2018 |

Платиле на „Јупитер“, а во хотел не биле пријавени како дел од туристичка група – голготата на Македонците во Турција

istanbul-720x340

Сопственикот на Агенцијата „Јупитер“, која вчера ги остави Македонците во Истанбул со часови во хотелските фоаеја, бил приведен во Турција, тврдат дел од патниците што денеска пристигаат во Македонија.

Тие раскажуваат дека по три дена поминати во Труција, вчера, пред заминување, на рецепција не им биле дадени пасошите, како што им објасниле, поради тоа што агенцијата не ги пријавила како дел од туристичка група, туку како поединци што сами имаат одговорност за сместувањето. Иако тие ги уплатиле парите пред заминување во Истанбул, таму им било побарано да платат за да можат да заминат.

Тие одбиле да платат со објаснување дека за тоа дале пари во Агенцијата. Дошла полиција во хотелот, случајот бил пријавен во македонската амбасада во Турција. Претставник од амбасадата веднаш се појавил во хотелот, каде што повеќе од 400 Македонци не можеле да си заминат дома, по што било контактирано со македонските власти. Од македонското МНР дале гаранција дека ќе бидат намирени трошоците за сместување во хотелот. Иако првично требало многу порано да го напуштат хотелот, македонските туристи за Скопје тргнале дури во 21 часот. Утринава тие влегоа во Македонија.

Патниците со кои разговараше „Република“ тврдат дека сопственикот на агенцијата останал во притвор во Турција. Со нив не разговарал ниту еден претставник од агенцијата „Јупитер“. Тврдат дека ниту еден од водачите не нашол време да им објасни која е причината што биле доведени до вакви непријатност и тортури.

И претходно често имало поплаки од услугите на „Јупитер“. Лоша организација, сместување во хотелски соби во кои во врнежливи денови буквално тече вода, неорганизирани водачи, поместени тури…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top