| четврток, 6 декември 2018 |

ММФ почнува разговори со Србија

Мисија на Меѓународниот монетарен фонд почнува денеска официјални разговори со делегација од Србија за прва ревизија на аранжманот со Белград од 1,2 милијарда евра.

Планирано е разговорите да траат до 12 мај.

Главни теми за тригодишниот аранжман ќе бидат состојбата во јавните финансии на Србија, реструктуирање јавни претпријатија, намалување на бројот на вработени во јавниот сектор и приватизација.

ММФ ѝ одобри на Србија на 23 февруари стенд-бај аранжман за структурни реформи и мерки за штедење за намалување на буџетскиот дефицит.

Сѐ уште не е објавен план за рационализација на јавниот сектор, а доцнат и приватизациски постапки за останатите јавни претпријатија. Владата на Србија смета дека ММФ ќе биде задоволен од мерките за штедење – во првите четири месеци буџетскито дефицит е за околу 50 милијарди динари помал од планираното.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top