| четврток, 6 декември 2018 |

Нина Бадриќ е виновна за сѐ

607644_zab-masimo-i-nina_f

Хрватската натпреварувачка Даниела Вечериновиќ не успеа да влезе во финалето на „Икс-фактор“, а за тоа, според неа, е виновна Нина Бадриќ, која во вчерашната фаза на натпреварувањето беше поддршка и советник на Масимо Савиќ.

Вокално е самоуверена, јака и мислам дека нема потреба за преглумување бидејќи има доволно емоција – рече Бадриќ за настапот на кандидатката.

Масимо се согласи со неа и реши Вечерановиќ да не се најде во тројката со која тој ќе работи во емисиите во живо.

607593_x-faktor-danijela-vecerinovic3-foto-promo_f

Таа не го криеше своето разочарување.

Мислам дека многу подобро ќе поминев ако Нина не беше гостин и сметам дека таа влијаеше врз Масимо – реше Даниела по испаѓањето.

Тројката на Масимо ја сочинуваат Амел Чуриќ, Никола Марјановиќ и Јелена Џуриќ.

Еден од испаднатите кандидати, меѓу кои е и скопјанецот Алмир Исмаили, ќе се врати во натпреварувањето. Кому ќе му се даде втора шанса, ќе одлучи публиката со гласање преку „Фејсбук“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top