Во првиот дел од последната фаза пред настапите во живо, аудициите кои се одржуваат во домовите на судиите, испадна уште еден македонски кандидат. За скопјанецот Алмир Исмаили засега заврши натпреварувањето во „Икс-фактор“.
Вчеравечер Масимо Савиќ, со помош на неговата колешка Нина Бадриќ, одлучи со кои тројца кандидати ќе ги носи со себе понатаму. Тројката на Масимо ја сочинуваат Амел Чуриќ, Никола Марјановиќ и Јелена Џуриќ.
Но, постои можност еден од останатите тројца кандидати да се врати во шоуто.
Како и лани, публиката со своите гласови преку „Фејсбук“ ќе може да врати по еден кандидат од секоја група. Доколку Алмир ги добие поголемиот број на гласови, можно е повторно да се натпреварува.
И Жељко Јоксимовиќ ја одбра својата тројка. Во групата на девојки продолжуваат понатаму Катарина Симиќ, Магдалена Богиќ и Ива Чуриќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По триста перипетии Стојанчо од Гевгелија им покажа на Бугарите како пее славеј (ВИДЕО)
-
Скандал во финалето на „Икс-фактор“: Пијаната Никол плачела без престан
-
Ги воодушеви со пеењето, а кога го соблече фустанот, членовите на жирито занемеа (Видео)
-
Уште една суперфиналистка на „Икс – фактор“ издаде соло песна (ВИДЕО)