После 12 часа заврши голготата на 400 македонските туристи во Истанбул, кои беа заглавени во хотелот Севџан, објави телевизија „Телма“. Како што информираат за Телма Телевизија до Министерсвото за надворешни работи нив им се вратени пасошите и тие се тргнати на пат за Македонија.
Претходно менаџерот на хотелот изјави дека агенцијата Јупитер не им платила за престојот и тие затоа им ги задржале патните исправи. Надлежните од агенцијата биле повикани во полиција каде дале изјава, а за случајот го информирале и македонскиот конзулат.
Проблемите со агенцијата започнале уште на почетокот од патувањето. Патниците не биле сместени во хотели за кои платиле туку во хотел блиску до аеродромот. Затоа секој ден морале да патуваат до центарот на градот. Никој од нив не насетувал дека ќе бидат заглавени во Турција поради долг на агенцијата со која патуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.