| четврток, 6 декември 2018 |

Водителот Ненад Скундриќ се онесвестил среде емисија (видео)

Водителот Ненад Скундриќ, кој заедно со Зорана Павиќ ја води ТВ емисијата „Кој ви даде термин“ („Ko vam dade termin“) за време на снимањето се онесвестил и завршил на под.

Скундриќ се жалел на слабост за време на снимањето во кое гостин бил музичарот Срџан Марјановиќ. Зорана и Срџан инсистирале да се прекине со снимање на емисијата и да излезат на свеж воздух, меѓутоа, Ненад не сакал да ги послуша.Веднаш потоа, водителот се онесвестил и завршил на под.

Како што дознава „Ало“, Ненад брзо се вратил и како професионалец го завршил снимањето. По емисијата водителот примил инфузија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top