ВМРО-ДПМНЕ усвои конгресна повелба со стратешките цели на функционирање во рамките на 15. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржува викендов во Куманово. Усвоената конгресна повелба ги оцртува контурите на идните движења на партијата. Најголемо внимание се посветува на економијата, привлекувањето на странските инвестиции и подшрска на домашната економија преку развојот на малите и средни претпријатија. Во повелбата се наведува дека развојот на економијата останува еден од врвните приторитети на ВМРО-ДПМНЕ затоа што создавањето на висок и одржлив раст е основниот начин за зголемување на вработеноста и за подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Според повелбата ВМРО-ДПМНе ќе биде фокусиана на континуирано унапредување на бизнис-климата во земјава и оддржување на вкупните трошоци за работа на фирмите меѓу најконкурентните во Европа . Според повелбата ќе се фокусира и на натамошно подобрување на инфраструктурата и правната сигурност. Досегашните 13.000 новоотворени работни места само преку странските директни инвестиции е показател за добро трасираниот пат но и поттик за засилување на активностите и отворање на нови можности за граѓаните – стои во повелбата.
Како зацртана и проектирана тенденција ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага за остварување на економскиот раст од 4 до 5,5 проценти во следните години, доколку нема нова криза. Растот ќе биде поддржан и преку политиките на ВМРО-ДПМНЕ насочени кон зголемување на платите, на пензиите, на социјалната помош, како и за задржување на високи земјоделски субвенции. Целосна функционалност на фондот за иновации и за поддршка на малите и средни претпријатија. ВМРО-ДПМНЕ според повелбата останува на политиката на едноставни и ниски даноци чии ефекти се стимулиран бизнис и намалена сива економија.
За домашните фирми ВМРО-ДПМНе според повелбата, и натаму ќе задржи ниски непроменети даноци преку концептот за нулта стапка на данокот за реинвестирана добивка. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со засилени инвестиции во изградба на патишта и железничка инфраструктура. Ќе се објави концесија за изградба на автопатот Гостивар-Кичево, а ќе се работи и на железничко поврзување кон Бугарија односно Коридор 8 и Коридор 10.
Ќе се продолжи со инвестирање и развој на туризмот преку задржување на политиката на субвенционирање која ќе овозможи евтини авионски летови до над 20 европски центри. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и со политиката на субвенции за што досега се исплатени 677 милиони евра како директна поддршка. Таа ќе продолжи да се зголемува, ќе се овозможи полесен пристап до кредити продолжување на мерката 50:50, олеснување на откупот и здружување и окрупнување на земјоделските производители.
Продолжуваат инвестициите и во здравството. Во повелбата стои дека ВМРО-ДПМНЕ не гледа на тие инвестиции како трошок туку како на инвестиција во обезбедување иднина. ВМРО-ДПМНЕ се залага сега и во идеи на секој човек да има еднаква и квалитетна здравствена заштита. Ќе се гради централен здравствен систем базиран на квалитетни знаења и вештини и добра здравствена инфраструктура.
Посебен дел се посветува на развојот на образованието, културата, и младите и спортот, како и демографијата, семејството и традицијата како посебен фокус.
Во однос на надворешната политика останува фокус членството во НАТО и ЕУ. Посебен фокус ќе се стави на продлабочување на односите со соседите како и продолжување на традиционалното пријателство со САД. Еден од припритети останува владеењето на правото и борбата против корупцијата. ВМРО-ДПМНЕ се залага за унапредување на културата на законитост почитување на основните слободи и права на човекот и граѓанитот и темелните вредности на Уставот. ВМРО-ДПМНЕ во повелбата посветува внимание и на дијаспората .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



