| четврток, 6 декември 2018 |

Дискусии за утврдување на стратешките правци и политики на ВМРО-ДПМНЕ во следните четири години

gruevski 15 kongres 15 (Custom)

 ВМРО-ДПМНЕ вчера и денес го одржува својот 15 Конгрес. Во текот на вчерашниот ден покрај говорот на претседателот на Партијата, Никола Груевски, за дискусија на овој партински настан биле пријавени повеќе од дваесетина дискутанти, при што носечки столб на дискусиите било утврдување на стратешките правци и политики на ВМРО-ДПМНЕ во следните четири години.
gruevski 15 kongres 17 (Custom)

Според информациите од Конгресот, прв со дискусија бил доктор Зоран Ѓорѓиевски, пратеник од Куманово, чиј фокус сепак бил на градот домаќин, неговите комунални, инфраструктурни и економски проблеми и перспективите кои ги има. Дискутанти биле и вицепремиерите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски кои се осврнале на повеќе сегменти од финансиите, социјалната политика, инвестициите, отворањето на повеќе нови работни места, стопанството, енергетиката, земјоделието и туризмот.

Дискусии имале поранешниот потпретседател на Партијата, Марјан Ѓорчев кој се осврнал на изградбата на политичката и идеолошка патека на ВМРО-ДПМНЕ, потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски кој дискутирал за развојот и растот на партијата и приоритетите во следните неколку години. Идеолошка дискусија за модерниот десен центар имал професорот Бранислав Саркањац. Министрите за надворешни работи и одбрана, Никола Попоски и Зоран Јолевски, имале дискусии за перспективите на државата и потребните активности за реформи во смисла на зачленување во НАТО и започнување на преговори за членство во ЕУ. Дискусија за демографската политика и политики кои треба да бидат превземени  за подобрување на истат имал пратеникот Владимир Ѓорчев. Министерот за здравство зборувал за потребните мерки и активност во здравството кои ќе бидат превземени во следниот неколку годишен период.

Посебно место во дискусиите имала положбата на Македонците со исламска вероисповест при што највпечатливи дискусии биле на пратеничката Нола Исмајлоска и градоначалникот на Маврово-Ростуше, Мукрем Мехмеди. Дискусии имале уште неколку од ресорните министри и заменик-министри во Владата, Иво Ивановски, Елизабета Канческа Милевска, Спиро Ристовски. За дијаспората зборувал пратеникот од Америка, Павле Саздов.

За дискусија биле пријавени и Марјан Додовски, Александар Спасеновски, како и градоначалниците Коце Трајановски, Славчо Чадиев, Дарко Митевски, Љупчо Колев, Ѓоко Стрезовски. Впечатливи дискусии за младите и за жените имале претседателите на партиските унии на млади и жени, Владимир Неловски и Даниела Рангелова, а за збор се пријавиле и дел од присутните основачи на партијата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top