| четврток, 6 декември 2018 |

Новородената принцеза на Британија ќе и донесе 150 милиони фунти

кејт2

Раѓањето на ќерката на британската кралска двојка би требало на британската економија да и донесе околу 150 милиони фунти, пишува британски „Телеграф“.

Нацијата сакала да биде принцеза и тоа не само обложувачите кои ја слават веста дека кралското бебе е девојче.
Очекувањата се дека второто дете на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ќе и даде поттик на британската економија од 150 милиони фунти, додека трговците на облека итаат да заработат додека трае воодушевувањето.

Тие со месеци се подготвувале за големиот ден, надевајќи се дека кралското бебе ќе и даде полет на економијата во моментот кога довербата на потрошувачите стагнира и националните финансии се во црвено.

Раѓањето на принцот Џорџ пред две години и донесе на економијата 247 милиони фунти, а сега новиот бран на трошење се очекува и поради тоа што на свет пристигна и принцезата.

Центарот за истражување на трговијата предвидува дека во наредните недели зголемувањето ќе биде околу 80 милиони фунти, додека од 20 до 25 милиони фунти ќе бидат потрошени на сувенири, а остатокот на храна и пијалак како што се торти и шампањско.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top