| четврток, 6 декември 2018 |

Само Манчестер Јунајтед не успеа да слави, на сите останати среби се радуваа домаќините (видео)

vba

Екипата на Манчестер Јунајтед киксна на домашен терен против Вест Бромвич Албион во рамките од 35.коло од Премиер лигата. Избраниците на Луис Ван Гал беа порезени минимално со 1-0 на Олд Трафорд и пропуштија шанса да се искачат едно скалило погоре на табелата на место кое води директно во Лигата на шампионите.
Единствениот гол за ВБА беше дело на Олсон во 63 минута, а за одбележување е и промашениот пенал на Робин Ван Перси во 74 минута кој по се изгледа ќе ги напушти црвените ѓаволи на крајот од оваа сезона.

На остантите шест средби во Премиер лигата славеа домашните екипи.

Ливерпул потешко од очекувањата успеа на домашен терен да го совлада Квинс Парк Ренџерс со 2-1. Избраниците на Брендан Роџерс се помачија за да дојдат до триумфот, а како најдобри поединци на „црвените“ на овој меч може да се издвојат Филипе Кутињо и Стивен Џерард. Младиот крилен фудбалер на „црвените“ го постигна првиот погодок на средбата во 19 минута, а потоа, во 87 минута асистираше до Стивен Џерард кој беше стрелец на победоносниот гол. Џерард не успеа да реализира удар од белата точка во 80 минута.

На останатите средби беа постинати следните резултати:

Лестер – Њукасл 3-0, Астон Вила – Евертон 3-2, Сандерленд – Саутемптон 2-1, Свонси – Стоук 2-0, Вест Хем – Барнли 1-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top