Судот на Босна и Херцеговина одреди едномесечен притвор за двајца припадници на радикалното исламистичко движење вехабии, осомничени дека го врбувале Нердин Ибриќ кој во понеделникот беше убиен, откако изведе терористички напад на полициската станица во Зворник.
Во нападот тој уби еден и рани двајца полицајци, пренесува Хина. Притвор е одреден за Авдулах Хасановиќ и Касим Мехедиќ по рочиштето во државниот суд.
Притвор за двајцата вехабии е побаран поради опасност од бегство и поради тоа што би можеле да ја попречуваат истрагата, да влијаат на сведоци или да прикриваат докази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.