Работни места, инвестиции, доверба, перспектива е слоган на конгресот, но и карактеристика на работата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2011-2015 година, рече претседателот на партијата и актуелен премиер Никола Груевски во обраќањето на 15.Конгрес на партијата во Куманово.
– ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка партија во Македонија, која заедно со коалицијата, стана синоним за создавање и отварање нови работни места, преку обезбедување одлична бизнис клима и услови како за домашните така и за странските инвеститори. ВМРО-ДПМНЕ стана и синоним за инвестиции во инфраструктурата, бидејки во време на ВМРО-ДПМНЕ се гради толку многу што е неспоредливо со времето на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ стана синоним за политичка партија во која се има доверба, во смисла дека држи до дадениот збор, и ветеното го реализира, рече Груевски.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ преку своите политики и делување, преку отворањето нови работни места, инвестициите на државата е прва партија и коалиција, која, вели, на дело покажа дека може да обезбеди перспектива на граѓаните. При тоа, додаде дека развојот на економијата кој во минатите четири години беше и останува еден од врвните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што високиот економски раст е основниот начин за зголемување на вработеноста и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните.
– Најважниот услов за тоа да се случи е континуираното унапредување на поволната бизнис клима и одржувањето на вкупните трошоци за работа на компаниите меѓу најниските во Европа, натамошното подобрување на инфраструктурата и правната сигурност, како и подобрување на знаењето и вештините на работната сила стекнати во образовниот процес, истакна Груевски.
Овие политики кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успешно ги спроведуваше во изминатиот период, вели тој, овозможија да се остварат најдобрите економски резултати во независна Македонија.
– Македонија оствари втор највисок економски раст во Европа во 2013-та и во 2014 година, минатата година оствари раст на БДП од 3,8%, и во 2015 година се очекува да оствари втор највисок раст на БДП од 3,5% според најновите проекции. Индустриското производство континуирано расте 18 месеци по ред, подвлече Груевски.
Тој посочи дека во 2014 година бруто-инвестициите достигнаа историски највисока стапка од 30,6% од БДП наспроти 2006 кога изнесуваа 20,5%, земјата, според сите меѓународни статистики, е со ниско до умерено ниво на задолженост и во делот на државниот долг и во делот на надворешниот долг, девизните резерви во март 2015 година достигнаа 2.355 милиони евра и во однос на 2006 година се зголемени за скоро милијарда евра (938 мил. евра).
Во однос на извозот, вели Груевски, во 2014 година изнесува 3.723 милиони евра и е зголемен за 15,9%, односно 511,2 милиони евра споредено со 2013 година што е историски највисоко ниво на извоз од осамостојувањето на Република Македонија. Посочи, меѓу другото и дека стапката на невработеност на крајот од 2014 година од 27,6% е најниска регистрирана стапка на невработеност во последните 18 години.
– Во изминатите четири години кога во цела Европа се намалуваше вработеноста, во Република Македонија се создаваа нови работни места и невработеноста опаѓаше. Досега од 2006. отворени се вкупно нови околу 130.000 работни места, од кои над 53 илјади нови работни места се во периодот од втор квартал 2011 до четврт квартал 2014, рече Груевски.
Тој нагласи дека согласно последниот извештај на Светска банка „Doing Business 2015‘‘ Македонија е рангирана на високото 30-то место меѓу 189 држави во светот.
– Македонија и оваа година е лидер во регионот според условите за водење на бизнис и е рангирана подобро од 16 земји членки на ЕУ, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


