Инвестициите во инфраструктурата се еден од најзначајните белези на работењето на ВМРО-ДПМНЕ. Во моментов во тек е изградбата на три автопати: Скопје-Штип, Демир Капија-Смоквица и Кичево-Охрид, а наскоро ќе се објави и повик за концесија на автопатниот правец Гостивар-Кичево. Се градат и реконструираат илјадници километри регионални и локални патишта ширум Република Македонија – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Никола Груевски во обраќањето на 15.Конгрес на партијата, кој се одржува во Куманово.
Тој посочи дека железничката инфраструктура се проширува со изградба на пругата од источниот дел на Коридорот 8 од Куманово-Бељаковце-Крива Паланка до граница со Бугарија.
Значителни инвестиции, нагласи, ќе има и во здравствениот сектор со посебен акцент на изградбата на клиничките центри во Штип и Скопје, како и инвестиции во енергетиката, комуналната инфраструктура, образовниот и социјалниот систем, културата, спортот и животната средина.
– Во однос на гасификацијата, во изминатиот период ја почнавме градбата на гасоводот од Куманово до Штип, и во финална фаза сме на тендерот за концесионер на секундарната гасификација за Скопје, а во тек е и истиот за источна и западна Македонија. Во однос на алтернативите за дотур на гас, работиме на приклучување на повеќе приклучоци на гас, од различни извори, додаде Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



