| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: На секое нарушување на мирот, ќе биде жестоко одговорено и возвратено

Македонија имаше четири мирни години, потсети премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешниот партиски конгрес кој се одржува во Куманово.

– Ние сме мултиетничко општество, живееме во турбулентен регион, и секогаш имаме ризици или појави кои се закануваат да ја загрозат нашата безбедност – изјави Груевски.

Тој потсети дека имавме неколку ситуации кои ја зголемија загриженоста кај граѓаните, но полицијата и институциите одлично се справија со нив.

Неодмна имавме една нова таква ситуација, која повторно нашите политички конкуренти се обидоа да ја стават во дневна политика. Тие предизвици не смее да се стават во дневна политика. Тоа се прашања на кои треба да им се пристапи со голема сериозност и одговорност. Нашиот пристап е таков. Ние нашите проблеми и различни мислења во земјата ги решаваме низ дијалог и толеранција. Охридскиот рамковен договор е еден значаен катализатор на одредени меѓуетнички предизвици и тој треба да биде доследно испочитуван, без да се толкува погрешно. Сепак, ако некој одлучи, од било која причина да нѐ загрози и да го наруши мирот на граѓаните, ќе биде жестоко одговорено и возвратено – изјави тој.

Премиерот потенцираше дека институциите се подготвени да пресретнат такви сценарија и се далеку поподготвени отколку во 2001 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top