Од 2011 година досега вклучително и оваа година за земјоделците издвоивме, исплативме и исплатуваме 670 милиони евра за субвенции, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Никола Груевски во обраќањето на 15.Конгрес на партијата, кој се одржува во Куманово.
Тој посочи дека распределени се 16.000 хектари земјоделско земјиште, а наскоро следува нов оглас за распределба на 3.000 до 4.000 хектари.
Во 2012 година, нагласи Груевски, е воведена можност за легализација на објектите на земјоделско земјиште и на земјоделската механизација.
– Донесен е Закон и се зголемени субвенциите за земјоделските задруги. Овозможен е паралелен увоз на пестициди што придонесе за нивно поевтинување. Годишно се издвојуваат по 20 милиони евра за инвестиции во водостопанската инфраструктура и донесен е план за 200 милиони евра инвестиции во следните 10 години, додаде Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст