| четврток, 6 декември 2018 |

Нов оглас за распределба на 3.000 хектари земјоделско земјиште

zemjodelstvo133-1Три или четири илјади хектари земјоделско земјиште ќе бидат ново огласени за распределба, најави премиерот Никола Груевски на денешниот 15. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.

Премиерот истакна дека од 2011 година до сега вклучително и оваа, за земјоделците издвоиле, исплатиле и исплаќаат 670 милиони евра за земјоделските субвенции.

Распределени се 16 000 хектари земјоделско земјиште. Наскоро следува нов оглас за распределба на 3-4 000 хектари. Во 2012 е воведена можност за легализација на објектите на земјоделско земјиште и на земјоделската механизација, посочи Груевски додавајќи дека донесен е закон и се зголемени субвенциите за земјоделски задруги, а овозможен е и паралелен увоз на пестициди што придонело за нивно поевтинување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top