– Десницата се обедини во овие 4 години, како никогаш до сега. Освен една вонпарламентарна партија, за чии членови вратите се се уште отворени, сите останати сме заедно и заедно се бориме за Македонија, а разликите ги решаваме внатре во партијата низ отворена дебата на партиските тела. Останавме обединети и во добри и во тешки времиња. Тоа е нов квалитет на ВМРО-ДПМНЕ, истакна премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ на партискиот конгрес кој се одржува денеска во Куманово.
Тој нагласи дека го радува што во партијата има суштинска дебата од најсекојдневни, до работи од идеолошка природа.
–Внатре се дебатира силно, надвор настапуваме единствени со усогласени ставови. Таа политика треба да премине и на државата. Внатре дебата и борба на различните мислења, надвор единство, а не како што сега настапува СДСМ. Партиите во Македонија мора да созреат и да влезат во нова етапа, доколку државата ја сакаат повеќе од партијата и личните интереси, и така би требало да биде.Тоа е услов за да имаме успешна држава. Нашата цел во наредниот период, откако речиси целосно го освоивме просторот на десницата е преку различни политики и гестови да се обидеме да освоиме и дел од просторот кон центарот, и градење на посилна граѓанска десница, посочи премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст