| четврток, 6 декември 2018 |

Концесија за нови 34 мали хидроцентрали

hidrocentrala

Владата на Република Македонија годишно за инвестиции во водостопанската инфраструктура издвојува по 20 милиони евра, а донесен е план за инвестиции во следните 10 години во висина од 200 милиони евра. Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, воедно и актуелен премиер,освен ова владата вложува и во изградба на нови хидроцентрали.

-Изградени се 24 мали хидроцентрали, во фаза на градба се 20, останатите 22 се во фаза на одобрение за градба, а донесени се одлуки за концесија на нови 34 мали, потенцираше Груевски.

Груевски воедно изјави дека во Суводол се утврдија геолошки резерви од 55.000.000 тони јаглен и дека се очекува почеток со експлоатацијата кон средина на 2015 година.

Како што тој потенцираше во изминатиот период се овозможија скорешни отворања, во наредните година до две, на рудниците Иловица во Боилево, Стогово, Тајмиште кај Кичево, Казандол кај Валандово, нов дел на Саса, и повеќе други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top