| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Важно да се има силна опозиција, а не деструктивна и безидејна

img20150502_134425
„Бомбите“ на опозицијата и нивниот лидер Зоран Заев имале и добро влијание врз Власта, смета премиерот Никола Груевски. Со тоа, рече тој, ги направиле посилни за поуспешно и поконцетрирано да продолжат да му служат на народот и на татковината.

-В<
strong>о целата оваа приказна има и добри елементи за нас. Како што велат во секое зло и добро. Во нашите редови почнаа да има по некои кои после толку многу победи на избори почнаа да се опуштаат, некои да го менуваат однесувањето, некои да добиваат разноразни идеи кои не се во ред, некои да стануваат арогантни и самобендисани, некои кои почнаа да мислат дека никогаш никој нема да не победи затоа што сме подобри, повеќе работиме и повеќе испорачуваме резултати кон народот, па самото тоа ги наведе кон опуштање и преголема комоција, итн. Секој однос повремено може да застранил во некој ваков правец, но помал број повеќе од останатите, рече Груевски.

Овие бомби, независно колку разговорите се монтирани, креирани, сечени и лепени, како што нагласи Груевски, многумина, кои како што рече, малку подлегнале ги вратиле во колосек.

Ни покажаа иодредени слабости во системот кои мораме да ги адресираме и корегираме, ни ги збија редовите, не потсетија дека во политиката тешко се гради довербата и честа, а мали опуштања и грешки може брзо да го засенат или уништат тоа, дека нема време и простор за опуштање, и дека колку и да е слаба и безидејна опозицијата, секогаш има некој кому не му одговара нашиот напредок, а кој е многу помоќен и поопасен од нашата опозиција, па може да нападне со силно оружје, колку и да е тоа нефер или недозволено, а слабата опозиција да ја искористи како параван, додаде тој.

„Бомбите“ на Заев истакна Груевски, дополнително ги созреале и ги направиле посилни и поспособни.

Едноставно „бомбите“ дополнително не созрееја, некои поединци и ги отрезнија, и не направија посилни и поспособни за поуспешно и поконцетрирано да продолжиме да му служиме на народот и на татковината. Од една подолгорочна перспектива, би рекол, дури и ако ги немаше некој требаше да ни измисли нешто што ќе не поттикне, за да ни помогне во услови на вака слаба опозиција. Само така ќе бидеме и поуспешни и подолгорочно токму ВМРО-ДПМНЕ ќе ја води и развива Македонија. Ова е за нас, за сите нас, корисна лекција. Животна, не толку политичка. Подобро ваква лекција сега, подобро скокање во ладна вода сега додека не сме се опуштиле премногу, одколку да подолжеше опуштањето и на крај со ладен туш од граѓаните на следните избори да не изненадат. Така да од еден таков агол, мислам дека, колку и да тоа изгледа чудно да се каже сега, ние гледано од чисто партиски аспект,во некое идно време на Заев и на странската служба зад него која го снабдила со вакво оружје и го ставила во своја функција, значи потенцирам само од партиски аспект, ќе им бидеме благодарни, посочи Груевски.

Сето тоа, рече тој, дополнително ги мобилизира и ги прави посилни.

Еден познат филозоф вели дека во најголемото патење се прават и најголемите успеси и поместувања. Затоа што тогаш човек станува најмобилизиран и најкреативен. Најбрзо мисли, и најмногу создава. Се бори посилно. Тоа е природна појава кај човекот, и нормално и кај нас. Затоа е важно да се има силна опозиција, истакна Груевски, кој додаде дека опозоцијата, за жал е не е силна, туку безидејна и деструктивна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top