| четврток, 6 декември 2018 |

„Македонија вработува“ носи нови 20.000 работни места

 

makedonija vrabotuva

Со проектот „Македонија вработува“ ќе се отворат нови 20.000 работни места, објави денес во Куманово премиерот на Р.М. и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на  15. Конгрес на партијата.

Новиот проект Македонија вработува, кој е наменет за вработување на лица од различна возраст преку ослободување од плаќање персонален данок и социјални придонеси во перидот од ти до пет години, што ќе ги мотивира компаниите да вработат нови лица и да го зголемат производството се проценува дека за една година ќе се отворат нови 20.000 работни места само од оваа мерка, истакна Груевски.

Тој додаде дека во изминатите 4 години од огромна помош за домашните компании беа обезбедените поволни кредити од надворешени извори со субвенционирана камата, кои во најтешкиот кризен период, преставуваа главен извор на кредитирање на сите компании.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top