| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: СДСМ се без идеја, ги води личниот гнев

sdsm1233311
СДСМ имаат проблем со идејата, а консеквентно на тоа и со програма и стратегија. Полни со гнев и омраза кон нас, лути зошто со нашата работа се препозна уште повеќе и нивното неработење кога беа на власт. Повредени од тој гнев, настапуваа постојано со деструктивно сценарио, со плукања навреди и омаловажувања, со многу измислени монтажи и најкукавички креации, истакна лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на 15. Конгрес на партијата.

-Ги води личниот гнев и тоа народот го препознава и ќе продолжат да губат бидејќи не извлекуваат поуки од поразите, туку ги повторуваат грешките. Се сврзаа со соросовите институции на Милчин заради нивните пари и станаа негови заложници. Гледајќи да ни направат некое зло пропуштија да препознаат некои наши грешки и да испоентираат на вистински начин. Едно зборуваат пред народот, а друго прват каде владеат на локално ниво, посочи Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top