Пред две години воведовме нов систем за избор на кадри што дава шанса за многу луѓе кои имаат високи квалитети, посочи Груевски на денешниот Конгрес во Куманово.
-Распишуваме јавен повик за пројавување на интерес на секој граѓанин кој се смета за компетентен за високи позиции, до нас пристигнуваат апликации од познати и непознати лица. Дел од нив одат на втора комисија, а најдобрите одат на трето интервју на кое најчесто и јас учествувам, преку тестирања се проверува и нивната визија. Потоа се пристапува кон прибирање на референции за кандидатот. Тоа трае долго и бара многу ангажмани, но секој има шанса да се претстави и да се обиде, истакна Груевски.
Не постои метод во светот кој ги исклучува сите грешки, порача тој, но со овој метод како што рече, се прави едно отворање кон сите и тоа веќе дава одличен резултат.
-Тоа претставува вистинка мобилизација на најдобри кадри во земјата. Вратите се отворени за сите поддржувачи на политики на ова гарнитура без разлика на политичката определба. Ако тие добро ги водат институциите, народот ќе биде позадоволен, а ако е задоволен ќе ја даде повторно поддршката на ВМРО-ДПМНЕ додаде тој.
-Токму затоа во новиот закон за администрација од 13 февруари 2015 најголема шанса за влез во државната администрација ќе имаат најспособните и оние со најмногу знаење и потенцијал, кандидатите се бираат преку електронско тестирање со отворен базен на прашања, по последното одговорено прашање веднаш се отвараат резултатите ис е покажуваат, и истите можатд а се следат во живо на интерент, потенцираше Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст