Народот знае да е толерантен за одредени грешки и пропусти се додека не констатира дека сериозно ги изневериле нивните очекувања, па како и секоја свесна партија тоа ќе продолжат да бидат нашите обврски и предизвици и во иднина.
Ова на 15. конгрес во Куманово го искана премиерот Никола Груевски, кој додаде дека тие се водат од рационалноста.
– И јас сум човек кој работи и греши, и не се изземам од тоа, никогаш не сум отфрлил некој предлог или добар аргумент, ако имало добри идеи и аргументација сум е откажувал од своите ставови. Јас не зборам како некој што вели дека Господ го црпнал од некаде или дека ние сме нешто посебно, тоа се првите симптоми за одлепеност од реалноста. Токму поради тоа е потребно освежување на кадрите и ние тоа и го правиме, рече Греувски,
Кадровската политика, како во партијата, така и во водењето на државата, истакна тој, претрпе сериозни измени.
– Ние и претходно се трудевме да ги поставиме најдобрите кадри и тоа го правевме прилично успешно, така ќе продолжиме и понатаму, посочи Греувски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.